СОСТАВИ: Баерн со една измена, ПСЖ без Верати

Ханси Флик се реши само за една измена во стартниот состав на Баерн за вечерашното финале, во однос на последните дуели со Барселона и со Лион. Кингсли Коман се враќа во првиот тим на баварскиот гигант за пресметката со ПСЖ, што значи преселба на клупата за резерви за Иван Перишиќ.

На спротивната страна, одлична вест за Тухел е враќањето на Навас, кој е „фит“ по повредата и ќе стартува од првата минута во ова финале. Тоа не е случај со Марко Верати, чија рехабилитација течеше побавно од посакуваното, па сега ќе мора да почне од клупата за резерви.

БАЕРН МИНХЕН – ПСЖ

БАЕРН: Нојер, Кимих, Боатенг, Алаба, Дејвис, Тијаго, Горецка, Милер, Гнабри, Коман, Левандовски.

ПСЖ: Навас, Керер, Тијаго илва, Кимпембе, Бернат, Маркињос, Паредес, Ерера, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

Се вчитува...