СОСТАВИ: Дешамп и Тухел ги измешаа картите

Англија и Франција очекуваа да играат финале на овој мундијал и разбирливо е што со голема доза на разочарување ќе влезат во вечерашниот меч за третото место, за кој двајцата селектори се решија за бројни измени во однос на стандардните состави што ги практикуваат низ мундијалот.

Така, Томас Тухел реши да ги остави на клупата двајцата најдобри фудбалери на Англија, Хари Кејн и Џуд Белингем, на чие место шанса вечерва ќе добијат Ајван Тони и Езе. Покрај нив, на клупата е и првиот голман Пикфорд, како и Ентони Гордон, кој беше стрелец во полуфиналето против Аргентина.

Франција ќе настапи вечерва без Усман Дембеле, откако Дешамп реши да му даде шанса како стартер на Рајан Шерки. Францускиот селектор се реши за целосен ремонт во одбраната, па вечерва ќе стартува со Густо и Хернандез како бекови и Конате и Лакроа како централни дефанзивци, квартет што за првпат ќе игра заедно во националниот тим.

Мбапе, кој е во трка со Меси за наградата за најдобар стрелец, повторно ќе биде предводник на нападот, а Дуе доби предност во однос на Баркола на позицијата лево крило.

АНГЛИЈА: Хендерсон, Кванса, Конса, Геи, Спенс, Рајс, Роџерс, Езе, Сака, Рашфорд, Тони.

ФРАНЦИЈА: Мењон, Густо, Конате, Лакроа, Хернандез, Рабио, Заир Емери, Дуе, Шерки, Олис, Мбапе.

Се вчитува...