СОСТАВИ: Гвардиола со две измени, ПСЖ без Мбапе

Килијан Мбапе сепак нема да биде подготвен за настап од првата минута на вечерашниот реванш против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Францускиот ас се мачеше со повреда во изминатите седум дена, а Покетино не сака да ризикува и да го стартува мечот кога Мбапе не е максимално подготвен за такво нешто. Во негово отсуство шанса ќе добие Мауро Икарди како најистурен во нападот, помогнат од Нејмар и од Ди Марија.

На спротивната страна, Пеп Гвардиола се реши за истата тактика без класичен напаѓач во тимот. Стратегот на Манчестер Сити сепак направи две измени во однос на првиот дуел во Париз, Фернандињо сега ќе биде последен играч за врска наместо Родри, додека Зинченко ќе стартува како лев бек на местото на Кансело.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ПСЖ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Стоунс, Дијаз, Зинченко, Фернандињо, Бернардо Силва, Гундоган, Фоден, Де Бруине, Марез.

ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Диало, Ерера, Паредес, Верати, Ди Марија, Нејмар, Икарди.

Се вчитува...