СОСТАВИ ЛШ: Анчелоти со Бензема и Вини ќе го напаѓа Челси, Дејвис по четири месеци повторно во дресот на Баварците

Со натпреварите меѓу Челси – Реал Мадрид и Вилјареал – Баерн Минхен вечерва ќе се комплетираат првите натпревари од четвртфиналните двомечи во Лигата на шампионите.

Во реприза на минатогодишното полуфинале, Челси на домашен терен на „Стемфорд бриџ“ ќе го пречека Реал Мадрид. Карло Анчелоти успеа да добие негативни тестови на ковид-19, па вечерва ќе го води својот тим во Лондон.

Тој се одлучи натпреварот да го почне со Бензема и Вини Џр. во нападот, а позади нив да ја засили средината во која покрај стандардните Кашемиро, Крос и Модриќ ќе се се најде и Уругваецот Феде Валверде. Од друга страна Тухел ќе стартува со Пулишиќ и Хаверц во нападот.

Баерн Минхен ќе тргне ултра офанзивно на гостувањето кај Вилјареал, а прекрасна вест е тоа што Алфонсо Дејвис кој имаше големи проблеми со здравјето по прележувањето на ковид-19, по четири месеци се враќа во тимот на Баварците.

Се вчитува...