Состави ЛШ: Азар и Рамос се враќаат во првиот тим на „кралевите“

Челзи ќе го пречека Реал Мадрид во второто полуфинале во фудбалската Лига на шампиони. Зинедин Зидан во натпреварот на сезоната ќе ја има помошта од своите први две ѕвезди, капитенот Серхио Рамос, но и последниот „галактикос“, Еден Азар кој конечно е подготвен да одговори на барањата на Французинот.

Од друга страна Томас Тухел без поголеми промени ќе излезе на мегдан на „кралевите“. Единствената замена од минатиот меч е Хаверц на местото на Кристијан Пулишиќ.

ЧЕЛСИ – РЕАЛ МАДРИД 

Челси: Менди, Кристенсен, Тиаго Силва, Ридигер, Аспиликуета, Чилвел, Жоржињо, Канте, Хаверц, Вернер, Маунт.

Отсутни: Ковачиќ.

Реал Мадрид: Куртоа, Менди, Рамос, Милитао, Начо, Касемиро, Крос, Модриќ, Азар, Бензема, Винициус.

Отсутни: Карвахал, Лукас Васкез, Рафаел Варан.

Се вчитува...