СОСТАВИ ЛШ: Чоло нема да игра 5-5-0, Ливерпул без Мане и Салах

Со натпреварите меѓу Атлетико Мадрид – Манчестер сити и Ливерпул – Бенфика вечерва ќе бидат познати последните патници во полуфиналната фаза во годинашното издание од Лигата на шампионите.

Диего Симеоне негативата од еден гол од првиот меч против Сити на „Етихад“ ќе проба да ја анулира со Жоао Феликс и Антоан Гризман во нападот. Од друга страна Пеп Гвардиола во нападот ќе почне со Фоден, Махрез и Бернардо Силва.

Во вториот вечерашен натпревар Јирген Клоп е сигурен дека ќе ја задржи предноста од 1-3 од првиот меч против Бенфика, па се одлучи на клупа да ги остави своите најдобри фудбалери Садио Мане и Мо Салах.

 

Се вчитува...