Андреа Пирло се реши без Алваро Мората да стартува во натпреварот против Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите. Друштво во нападот на „старата дама“ на Кристијано Роналдо ќе му прават Дејан Кулушевски и Федерико Киеза.
Од друга страна Борусија Дортмунд иако не е во најдобра форма во последно време, со ултраофанзивен тим ќе ја нападне Севилја. Халанд, Санчо и Ројс ќе бидат ударното трио на „милионерите“, додека од позадина ќе нападнат секогаш опасните Белингам, Дахуд, како и офанзивните бекови Гереиро и Мори Бауза.
ПОРТО – ЈУВЕНТУС
ПОРТО: Маркезин, Пепе, Мбемба, Манафа, Корона, Урибе, Сержио Оливеира, Отавио, Тареми, Марега.
ЈУВЕНТУС: Шчесни, Данило, Де Лихт, Киелини, Алекс Сандро, Киеза, Рабио, Бентанкур, Мекени, Кулушевски и Роналдо.
СЕВИЛЈА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
СЕВИЛЈА: Боно, Навас, Кунде, Диего Карлос, Ескудеро, Ракитиќ, Фернандо, Џордан, Сусо, Гомез, Ен Несри.
БОРУСИЈА ДОРТМУНД: Хитц, Гереиро, Аканџи, Хумелс, Мори Бауза, Белингам, Чан, Дахуд, Ројс, Санчо, Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА