СОСТАВИ ЛШ: Гвардиола со очекуван тим ќе го нападне Лајпциг, Интер без Брозовиќ

Тренерите на последните четири осминафиналисти во Лигата на шампионите ги открија картите пред почетокот на денешните мечеви кои на програмата се од 21 часот.

Пеп Гвардиола е принуден на рокади во составот на Манчестер Сити nа денешното гостување против Лајпциг. Откако Кевин де Бруине воопшто не отпатува за Германија, Гвардиола  му даде шанса на Гундоган на неговата позиција, кој има предност во однос на Алварез. Во тимот на Сити ќе ги нема ниту дефанзивците Стоунс и Лапорт, што значи сигурен старт за Вокер по десната страна, но и за Аке и Аканжи.

ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

ЛАЈПЦИГ: Бласвич, Орбан, Гвардиол, Клостерман, Халстенберг, Лајмер, Шлагер, Форсберг, Собослаи, Вернер, Силва.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Дијаз, Аканжи, Аке, Силва, Родри, Грилиш, Марез, Гундоган, Халанд..

Симоне Инзаги се одлучи против Порто да искочи без Марцело Брозовиќ кој остана на клупата, а на негово место вечерва ќе игра Хенрик Мкхтаријан.

ИНТЕР – ПОРТО

ИНТЕР: Онака, Шкринијар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Барела, Димарко, Чалханоглу, Мкхтаријан, Џеко, Лаутаро Мартинез.

ПОРТО: Диого Коста, Жоао Марио, Пепе, Урибе, Заиду, Маркано, Грујиќ, Галено, Отавио, Тареми, Пепе.

Се вчитува...