СОСТАВИ ЛШ: Јунајтед со Роналдо во Мадрид, Атлетико ќе напаѓа со Феликс и Кореа

Манчестер Јунајтед со Кристијано Роналдо во стартниот состав ќе напаѓа во Мадрид, на стадионот „Ванда Метрополитано“ во дуелот против Атлетико. Поддршка ќе му бидат крилните напаѓачи Рашфорд и Санчо.

Бруно Фернандеш, Погба и Фред ќе бидат во средниот ред. Јунајтед ќе се брани со Лиделоф, Варан, Мегвајер и Шо, додека Де Хеа ќе биде на голот.

Атлетико ќе настапи со Феликс и со Кореа во нападот, во одбраната со четвротка Лоди, Кондогбија, Ерера и Љоренте. Во одбраната Мандава, Савиќ, Хименез и Врсаљко, додека Облак ќе брани за Атлети.

Се вчитува...