СОСТАВИ ЛШ: Клоп ултра офанзивно ќе го нападне Интер уште од првата минута

Интер ќе го пречека Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч од Лигата на шампионите. Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп се одлучи ултра офанзивно да тргне уште од првата минута на гостувањето на „Џузепе Меаца“.

Салах, Мане и Жота ќе го предводат нападот, додека во средината од првата минута ќе стартува Тијаго Алкантара кој е далеку поопасен офанзивно, отколку во дефанзивните задачи. Од друга страна во составот на Интер нема изненадувања. Од стартот Симоне Инзаги во нападот ќе тргне со двоецот Џеко-Мартинез кои треба да имаат помош од Перишиќ и Чалханоглу.

На вториот меч од вечерашната понуда Баерн Минхен е голем фаворит на гостувањето кај Ред Бул Салцбург. Нагелсман сака да ги реши дилемите околу патникот во следната фаза уште на првиот дуел, па во нападот друштво на Левандовски ќе му прават Гнабри, Сане, Милер и Коман.

 

Се вчитува...