СОСТАВИ ЛШ: Куман оди на ризик, ПСЖ со ултра-офанзивна постава на „Камп Ноу“

Роналд Куман изненади со одлуката да го стартува првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против ПСЖ со Жерар Пике како столб на одбраната. Ветеранот неколку месеци е „во аут“ поради тешка повреда, во последните денови тренираше со остатокот од тимот, но ризикот од преран камбек, особено против моќен и брз напад како оној на ПСЖ би можел да доведе и до нова повреда.

На спротивната страна, Маурицио Покетино се реши за ултра-офанзивна тактика дури и без Нејмар и Ди Марија. Икарди и Мбапе беа најавени како стартери, но Покетино реши во првите единаесетмина да го вклучи и Кеан, кој доби шанса како офанзивно десно крило да го нападне од првата минута голот на Тер Штеген.

БАРСЕЛОНА – ПСЖ

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Дест, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Педри, Де Јонг, Меси, Гризман, Дембеле.

ПСЖ: Навас, Флоренци, Курзава, Маркињос, Кимпембе, Геје, Паредес, Верати, Кеан, Мбапе, Икарди.

 

ЛАЈПЦИГ – ЛИВЕРПУЛ

ЛАЈПЦИГ: Гулаши, Клостерман, Адамс, Упамекано, Мукиеле, Сабицер, Кампл, Хаидара, Анжелињо, Нкунку, Олмо.

ЛИВЕРПУЛ: Алисон Бекер, Александер Арнолд, Робертсон, Кабак, Хендерсон, Вајналдум, Тијаго, Џонс, Фирмино, Мане, Салах.

Се вчитува...