СОСТАВИ ЛШ: Покетино со Мбапе, Нејмар и Меси ќе излезе на „Сантијаго Бернабеу“

Францускиот Пари Сен Жермен вечерва ќе му гостува на Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар „светците“ со голот на Килијан Мбапе во самиот финишот славеше со 1-0.

Токму Килијан Мбапе беше под знак прашалник за денешниот меч откако заработи повреда на еден од последните тренинзи, но сепак Французинот е подготвен и од првата минута ќе стартува на „Сантијаго Бернабеу“. Друштво во нападот очекувано ќе му прават Лионел Меси и Нејмар.

Од друга страна Карло Анчелоти во нападот ќе стартува со Бензема, Вини Џуниор и Асенсио, а во средината друштво на Крос и Модриќ ќе им прави Валверде кој влезе на местото на Кашемиро кој поради жолти картони мора да го пропушти овој меч.

По убедливиот триумф од 5-0 во Лисабон против Спортинг, Пеп Гвардиола денеска се одлучи да одмори дел од најголемите ѕвезди во реваншот кој се игра во Англија.

 

Се вчитува...