Состави ЛШ: Рома тргнува офанзивно, ама и Ливерпул има „тешка артилерија“

Рома нема што да чува, мора да нападне од самиот почеток, па тренерот Еузебио  Ди Франческо се реши за офанзивна формација со тројца напаѓачи да го започне вечерашниот реванш полуфинален меч од Лигата на шампионите против Ливерпул. Един Џеко ќе биде централно, а Патрик Шик и Стефан Ел Шарави ќе го придружуваат на крилните позиции во навалниот ред.

Но, и Јирген Клоп ја подготви ’тешката артилерија’. Мохамед Салах се враќа на „Олимпико“, и тоа придружуван од Роберто Фирмино и Садио Мане. Ќе има многу голови најверојатно и вечерва на дуелот меѓу Рома и Ливерпул…

РОМА – ЛИВЕРПУЛ

РОМА: Алисон, Флоренци, Фазио, Манолас, Коларов, Наинголан, Пелегрини, Де Роси, Ел Шарави, Џеко, Шик.

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Александер – Арнолд, Ван Дајк, Ловрен, Робертсон, Хендерсон, Милнер, Вајналдум, Фирмино, Мане, Салах.

 

 

Се вчитува...