Познати се составите на тимовите кои во 21 часот ќе истрчаат на терените во Вилјареал и Челси. Актуелниот европски шампион е голем фаворит на домашен терен против францускиот првак Лил.
Менаџерот на „сините од Лондон“ Томас Тухел се одлучи повторно на клупата да го остави Ромелу Лукаку, а како најистурен во нападот мечот ќе го почне Каи Хаверц кој покажа дека во елиминациски мечеви и тоа како знае да биде важен. Друштво во нападот ќе му прават Зијеш и Пулишиќ.
Масимилијано Алегри ултра офанзивно ќе тргне на гостувањето кај Вилјареал. Алваро Мората и Душан Влаховиќ ќе бидат најистурени во нападот на „старата дама“, а зад нив ќе бидат Мекини, Рабио, Локатели и Квадрадо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА