СОСТАВИ: Македонија напаѓа со Пандев и Несторовски, Левандовски ја предводи Полска

Селекторите на Македонија и на Полска, Игор Ангеловски и Јержи Бржечек ги одредија официјалните состави за вечерашниот натпревар. Македонија во навалниот ред со капитенот Горан Пандев и со Илија Несторовски, а Полска возвраќа со Зјелински и со Левандовски.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Ристовски, Алиоски, Николов, Барди, Елмас, Пандев, Несторовски.

ПОЛСКА: Фабијански, Кедзора, Беднарек, Глик, Бережински, Криховјак, Клих, Гросицки, Франковски, Зјелински, Левандовски.

Главен судија на натпреварот е Италијанецот Џанлука Роки.

Се вчитува...