СОСТАВИ: Македонија со Пандев и со Стојановски ќе го напаѓа Израел

Горан Пандев се враќа во стартниот тим на Македонија за вечерашниот дуел со Израел. Нашиот капитен поради болест го пропушти последниот дуел со Австрија, но вчера тренираше со полна пареа и денеска ќе се појави од првата минута на Националната Арена „Тодор Проески“.

Селекторот Ангеловски се реши за формација 4-2-3-1 во која Пандев ќе игра веднаш зад Стојановски, кој по дебито со гол во Виена овојпат ќе добие шанса од првата минута. Крај Пандев за креација задолжени ќе бидат и Елмас и Барди, а шанса во средниот ред ќе добие и Костадинов, кој одигра добар меч против Австрија пред неколку дена.

По одлежаната суспензија во одбраната се враќа Муслиу, на кого друштво во одбранбената линија ќе му прават Ристевски, Стефан Ристовски и Велкоски.

Се вчитува...