СОСТAВИ: Македонија со седум промени од првиот меч со Грција

Се е подготвено за денешниот натпревар од последното квалификациско коло за ЕП 2020 меѓу селекциите на Македонија и Грција, што ќе се игра со почеток во 18 часот во салата „Парк“ во Струмица. Желбата за одмазда за поразот во Кожани минатиот октомври е голема, а забележливи се и големи промени во играчкиот кадар за денешниот меч, во однос на тој прв меч против јужниот сосед.

Македонија во Кожани настапи во состав: Митревски, Даскалоски, Манасков, Велковски, Стоилов, К. Лазаров, Талески, Пешевски, Ф. Лазаров, Георгиевски, Н. Маркоски, В. Маркоски, Поповски, Прибак, Кузмановски, Ојлески.

Во однос на тој натпревар, од 16-те ракометари кои настапија во Грција, дури седум не се во тимот за денешниот дуел со истиот ривл. Даскалоски не е дел од екипата, заедно со него ги нема и повредените Манасков, Стоилов и Мартин Велковски, а селекторот Брестовац не смета ниту на Ојлески, Прибак, Поповски и Филип Лазаров.

Составот на Македонија за вечерашниот натпревар е следниот: Ристовски, Митревски, Димитриевски, Димитриоски, Георгиевски, Костески, Крстевски, Кузмановски, К. Лазаров, Маџовски, Н. Маркоски, В. Маркоски, Пешевски, Серафимов, Талески и Танкоски.

Во ростерот дефинитивно имаме доволно квалитет и искуство за рутински да славиме, но за тоа да се случи ќе мора да се одигра максимално ангажирано од почеток до крај. За да не ни се повтори кошмарот од Кожани.

Се вчитува...