СОСТАВИ: Никола Митревски во тимот, но се враќа и значаен адут на Црна Гора

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Никола Митревски дефинитивно ќе биде во составот на Македонија за денешниот дуел со Црна Гора, откако репрезентативниот голман беше регистриран од ЕХФ по приложените негативни тестови.

Голманот на Порто вчера пристигна во Дебрецин, не тренираше со остатокот од репрезентацијата, но се очекува да се најде меѓу 16-те играчи на конечниот список на селекторот Лазаров за денешниот меч.

Засилени за овој натпревар најверојатно ќе бидат и Црногорците, кои во составот го имаат Давор Чавор. Одличниот бек му е соиграч на Филип Миркуловски во Вецлар, тој не настапи против Данска, но неговото име се појави на првичниот записник со пошироките состави за дуелот со Македонија.

Се вчитува...