СОСТАВИ: Серафимов ќе одмора, Атанасијевиќ дебитира, Лазаров и Миркуловски ќе ја предводат Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе ја пречека Романија во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска.

Селекторот на Македонија Кирил Лазаров одлучи на денешниот натпревар деби за репрезентацијата да има младиот ракометар на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ. Мартин Серафимов отпадна за овој меч, а позицијата десен бек покрај Лазаров ќе ја покрива и повратникот во репрезентацијата Томислав Јагуриновски. Тука ќе биде и Филип Миркуловски кој најави дека бараж натпреварите ќе бидат последни за него во репрезентацијата.

 

Се вчитува...