За Клоп нема дилеми, Зидан мора да „пресече“ – Бејл или Иско

Часови не делат од големото финале од Лигата на шампоните, а Зинедин Зидан се уште се соочува со дилема – кој да им прави друштво на Роналдо и на Бензема во навалната линија. Иско беше вообичаен избор на клучните натпревар, но Герет Бејл со одличните настапи во последните триесетина дена се наметна како силен адут за Киев. Асенсио отпаѓа од комбинација и најверојатно ќе добие шанса во второто полувреме исто како и Васкез.

На спротивната страна, Јирген Клоп нема премногу простор за експерименти и повторно ќе настапи со истите единаесетмина кои му ги одиграа поголемиот дел од натпреварите во нокаут фазата, со Вајналдум на местото на повредениот Окслејд Чембрлен. Емре Чан е „фит“ по повредата, но ќе стартува од клупата за резерви, додека „црвените“ повторно надежите ќе ги полагаат во атомското напаѓачко трио Фирмино – Салах – Мане.

РЕАЛ МАДРИД – ЛИВЕРПУЛ

РЕАЛ: Навас, Карвахал, Марсело, Рамос, Варан, Кашемиро, Модриќ, Крос, Иско (Бејл), Роналдо, Бензема.

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Александер Арнолд, Робертсон, Ловрен, Ван Дајк, Хендерсон, Милнер, Вајналдум, Салах, Мане, Фирмино.

Се вчитува...