СОСТАВИ: Зидан со формацијата на Тухел ќе се обиде да го изненади Челси

Зинедин Зидан приреди мало изненадување со составот за денешниот дуел со Челси откако тренерот на Реал Мадрид се реши за стартна формација со тројца дефанзивци во линија и нешто поофанзивни бекови.

Станува збор за формација на која инсистира неговиот ривал Томас Тухел од првиот ден кога пристигна во Челси, но ќе биде интересно да се види колку „кралевите“ се воиграни за еден ваков меч. Варан, кој го пропушти двомечот со Ливерпул сега се враќа во сцето на одбраната крај Милитао и Начо, а бековите Карвахал и Марсело ќе имаат нешто поофанзивна улога од вообичаено.

Во таборот на Челси нема поголеми изненадувања, Рудигер, Тијаго Силва и Кристијансен ќе го затворат просторот пред голот на Менди, а во нападот шанса од првата минута добива Тимо Вернер, по постигнатиот победнички гол во лондонската пресметка со Вест Хем во Премиер-лигата.

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Карвахал, Начо, Варан, Милитао, Марсело, Кашемиро, Модриќ, Крос, Винисиус, Бензема.

ЧЕЛСИ: Менди, Рудигер, Силва, Кристијансен, Азпиликуета, Чилвел, Жоргињо, Канте, Пулишиќ, Хаверц, Вернер.

Се вчитува...