Составот на Италија за Македонија: Со Донарума, Имобиле, Киеза, Заниоло, Барела… ги нема Верати, Жоргињо, Берарди…

Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети го објави списокот на фудбалери со кои ќе дебитира на чело на националниот тим во Скопје на 9. септември.

Италија со најдобрите играчи во моментов доаѓа на гости кај Македонија, а потоа и дома со Украина. Тука се големите ѕвезди како Донарума, Бастони, Барела, Киеза, Имобиле…

Можеби за изненадување е изостатувањето на Верати, потоа и на Берарди и Жоргињо, кои нема да дојдат во Скопје.

Се вчитува...