Составот согласно најавите: Дефинитивно без Адеми против Полска

Македонската репрезентација ќе настапи согласно најавениот состав на дуелот против Полска вечерва од 20:45 часот на Националната арена во Варшава во 8. коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020.

И покрај обидите на лекарскиот тим, Аријан Адеми нема да биде во комбинација за настап откако на последниот натпревар против Словенија доби удар во левото стопало и беше заменет во 77. минута од дуелот. Поради повреда дуелот со Полска ќе го пропуштат и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски.

Па, согласно вчерашните најави составот веќе е во голема мера познат. Ангеловски, очекувано, нема да има сериозни измени во однос на тимот кој славеше против Словенија со тоа што во формација 4-3-3, на местото на Адеми влетува Бејтулаи на стоперската позиција заедно со Муслиу, Кире Ристевски и Стефан Ристовски кои повторно ќе бидат пред Столе Димитриевски.

Во средниот ред сега, при веројатно отсуство на Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски и Елиф Елмас заедно со стандардниот Езгијан Алиоски по левата крилна страна, и капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски во нападот.

Се вчитува...