„Состојбата на Синиша Михајловиќ е многу добра“

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ се врати во болница за вториот циклус хемотерапија која мора да ја прима како третман за леукемијата од која боледува, но од здравствената установа каде што престојува уверуваат дека тој е во многу добра состојба.

50-годишниот Михајовиќ, првата серија на хемтерапија ја заврши на 28. август и беше на клупата на Болоња на дуелите од Серија А против Верона и против СПАЛ.

„Клиничката состојба на пациентот е многу добра. Тестовите што му беа направени пред да биде пуштен од болница покажаа задволително ниво“ – стои во сооптението од болницата.

 

Се вчитува...