Советот на Меси до Мбапе дополнително ги разбесни навивачите на ПСЖ

Лео Меси не ја доби почитта која ја заслужува во редовите на ПСЖ. Аргентинскиот ас на „Паркот на Принцовите“ беше исвиркуван од сопствените навивачи кои изразија незадоволство од залагањето за клубот, а истите сега имаат и дополнителен мотив за бес откако „Л’Екип“ го откри советот кој еден од најдобрите фудбалери на светот му го дал на својот помлад колега.

Според францускиот медиум Меси изразил задоволство да го види во редовите на Барселона, но доколку не реализира трансфер во катарскиот гигант, треба да си го исполни сонот и се пресели во Реал Мадрид.

„Би бил горд доколку заминеш во Барселона, но ако сакаш да одиш во Реал Мадрид направи го тоа. Заслужуваш да бидеш дел од вистински проект, победнички проект“

Се вчитува...