Јужна Кореја направи џиновски чекор кон нокаут фазата од СП 2026 откако на својот прв натпревар одигран во Мексико славеше над Чешка со 1-2.
Корејците се најдоа во незавидна позиција откако противникот прв поведе во второто полувреме, но во вистински момент блесна Хванг ин Беом, корејскиот ас кој самиот донесе пресврт.
Тој најпрвин постигна гол за израмнување на 1-1, а нешто подоцна и асистираше при победничкиот погодок, со што апсолутно заслужено го доби и признанието за МВП на натпреварот.
Хванг ин Беом стана само трет корејски репрезентативец шти стигнал до гол и асистенција на ист мундијалски натпревар, покрај актуелниот корејски селектор Хонг Мјунг-Бо против Шпанија на СП 1994 и Чои Сон-Хо, кој истото остварување го имал на дуелот на СП 1986 против Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
