СП 2026 во „Зона Азури“: Дали сте знаеле…!? Англија никогаш не победила на „меч за бронза“

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје –  „ЗОНА АЗУРИ“.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?

Дидие Дешамп вечерва ќе ја води Франција по 187. пат како селектор на „триколорите“, ова ќе биде негов 26. меч на мундијалите, што е рекорд на светските првенства.

Пред поразот во полуфиналето со Шпанија, Французите беа во серија од седум победи на мундијалите, шест од нив забележани со најмалку два гола разлика.

Англија има порази на претходните две средби за третото место на мундијалите, oд Белгија со 2-0 на СП 2018 и од Италија со 2-1 на СП 1990.

Англија има седум порази во низа на мундијалите кога играла со селекции кои се дел од Топ 10 на ФИФА ранг-листата.

Aнглија беше елиминирана од Франција на последниот мундијал (1-2 во четвртфиналето).

Франција има скор од шест победи, две реми и само еден пораз на последните девет средби со „гордиот албион“.

Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари

Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.

Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!

Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.

Се вчитува...