Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!?
Катар и Швајцарија досега одиграле само еден меѓусебен дуел, пријателски во 2018 што завршил со победа на Катарците од 1-0.
Катар постигна фантастични 37 гола на десетте квалификациски средби за овој мундијал. Притоа, дури 15 од овие 37 погодоци Катарците ги постигнаа по прекини.
Швајцарија последен пат го загубила отворањето на СП уште во 1966 година. Оттогаш, Швајцарците имаат три победи и три реми на шесте премиерни мундијалски мечеви.
Последниот дуел меѓу Бразил и Мароко заврши со триумф на Мароканците од 2-1 (март 2023 година). Буфал и Сабири беа стрелци на головите за Мароко, а единствениот погодок на „кариоките“ беше дело на Кашемиро.
Неверојатно – Мароко нема примено гол во првото полувреме на последните 24 средби на оваа репрезентација.
Бразил е без пораз на 20-те премиерни натпревари на светските првенства (13 победи, 7 реми).
Шкотска постигнала најмалку три гола при пет од последните седум победи што ги забележала оваа селекција.
Хаити се враќа на мундијалската сцена по пауза од 52 години. Оваа селекција ги загуби трите средби на СП 1974, притоа примајќи дури 14 погодоци на три натпревари.
Австралија има само една победа над ривали од Европа на мундијалите (над Данска на СП 2022 со минимални 1-0).
Турција има скор од 11 победи, едно реми и два пораза од стартот на 2025 година. Поразите се претрпени од Шпанија (6-0) и од Мексико (1-0).
Само во „ЗОНА АЗУРИ“ – пакет 4 скопски пива и една пица Капричиоза – по цена од само 850 денари
Само во „ЗОНА АЗУРИ“, секоја маса го типува резултатот на мечот. Масата што ќе погоди, има 30% попуст на вкупната сметка.
Останете во „ЗОНА АЗУРИ“ до самиот крај на мечот – да дознаете дали сте победник во нашата наградна игра!
Ресторанот „ЗОНА АЗУРИ“ се наоѓа во населба Аеродром, веднаш зад „Мајчин Дом“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
