СП РАКОМЕТ 2021: Бразил во второто полувреме го урна отпорот на Австрија, Германија лесно со Конго

Репрезентацијата на Бразил стигна и до четвртата победа на Светското првенство во Шпанија, откако во првото коло од главната фаза славеше над Австрија со 38-31. Австријките одиграа одлично во првото полувреме и на пауза заминаа со реми (15-15).

Сепак, Бразилките разликата во квалитет ја покажаа во вториот дел во кој заиграа далеку подобро особено во нападот и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 38-31.

Во вториот меч од терминот во 18 часот Германија без проблеми славеше над Конго со 29-18.

 

 

 

Се вчитува...