СП РАКОМЕТ 2021: Данска ја „уништи“ Унгарија, храбрите Јапонки немаа сила за сензација против Шпанија

Ракометната репрезентација на Данска продолжува да „гази“ се пред себе на Светското првенство. Следна на менито на скандинавките беше Унгарија која ја декласираа со 30-19 во премиерното коло од главната групна фаза.

Данките со фуриозна игра во сите 60 минути во ниту еден момент не му дозволија на противникот да може да се понадева дека ќе се врати во натпреварот.

Јапонија по сензацијата и победата против Хрватска, одигра одличен меч и против домаќинот Шпанија, но немаше сила за ново изненадување. Шпанките го покажаа целиот свој асортиман и во последните десет минути успеаја да го сопрат отпорот на противничките добивајќи ги со 28-26.

 

 

 

Се вчитува...