СП РАКОМЕТ 2021: Франција сигурна со Полска, Шведска го прегази Казахстан

Женската ракометна репрезентација на Франција по три одиграни кола на Светското првенство има биланс од три победи откако Французинките славеа со 26-16 над Полска. Победата беше најавена уште во првото полувреме кое го добија со 14-9, а во вторите 30. минути „триколорите“ ја потврдија победата.

На убедлива победа се радуваше и Шведска која ја потврди фаворитската улога славејќи над Казахстан со 20-55. Со овој триумф Швеѓанките им се приклучија на Норвежанките на првите две позиции во групата пред меѓусебениот меч кој ќе биде од големо значење за пласманот во следната фаза.

Се вчитува...