СП РАКОМЕТ 2021: Холандија ја надигра Романија, реми на Русија и Словенија

Женската ракометна репрезентација на Холандија ја забележа и втората победа на Светското првенство откако славеше над Романија со 31-30 со што ја продолжи битката за местата кои водат во следната фаза.

Добриот финиш на првото полувреме им донесе на Холанѓанките предност од 17-14, а добрата игра продолжи и во второто полувреме во кое разликата се искачи на +6 (22-16). Сепак Романките не се предадоа, од минута во минута ја намалуваа негативата, а при самиот финиш стигнаа до изеднчување (29-29, 30-30), но не и до предност.

Романките не успеаја да стигнат до бод, но тоа им успеа на ракометарките на Русија и Словенија кои ремизираа со 26-26. Словенките имаа предност во поголемиот дел од вторите 30. минути, но Русинките успеаја да се вратат во мечот, а на самиот финиш да стигнат и до изедначување за важен бод со кој останаа чекор пред останаите репрезентации од групата „1“.

Се вчитува...