СП РАКОМЕТ 2021: „Ранетата“ Хрватска се извлече со Аргентина, Ј. Кореја убедлива со Чешка

Женската ракометна репрезентација на Хрватска стигна до значајна победа против Аргентина од 28-22 во премиерниот натпревар од главната групна фаза на Светското првенство во Шпанија.

Хрватиците иако поради коронавирус не можеа да сметаат на три ракометарки, меѓу кои и најдобрата Чамила Мичијевиќ по тешка борба сепак успеаја да ги совладаат Аргентинките поради феноменално одиграното второ полувреме.

Стела Посавец со осум гола беше убедливо најдобра поединец кај победникот, додека кај поразените пет гола постигна Малена Чаво.

Во вториот меч од терминот од 15.30 Јужна Кореја стигна до сигурна победа над Чешка од 32-26

 

 

 

Се вчитува...