СП ракомет жени: Шпанија втор полуфиналист

Женската ракометна репрезентација на Шпанија, е вториот полуфиналист и се приклучи на Данска меѓу најдобрите четири селекции, откако ја совлада Германија со 26:21. Шпанките во текот на целиот натпревар имаа водство, и контролираа до крајот за конечен триумф. Иако Германија одлично го почна мечот, имаше неколку пати и четири разлика, сепак, откако Шпанија дојде до водство од 9:8, се до крај имаше предност.

На моменти Шпанија имаше и шест разлика, а Германките никако не успеваа да стигнат.

Претходно прв полуфиналист стана Данска која ја совлада селекцијата на Бразил. Шпанија во полуфиналето на СП кое го организира ќе игра со подобриот од Норвешка – Русија, дуел кој е на програмата утре.

Се вчитува...