СП ракомет жени: Словенките ја демолираа Црна Гора, Србинките го добија трилерот со Полска

Словенија моќно го стартуваше настапот на ракометниот мундијал за жени откако вечерва со извонредно издание ја декласираше Црна Гора со убедливи 28-18. Црногорките од самиот почеток беа немоќни да одговорат на беспрекорната одбрана на словенечките ракометарки, кои уште во првото полувреме си ја осигураа победата (16-8 по 30 минути игра), за во вториот дел да стигнат и до двоцифрен триумф. Грос со шест погодоци беше најефикасна во победничкиот состав, додека кај Црна Гора најпрецизна беше Јованка Радичевиќ со седум постигнати гола.

Србија во трилер-натпревар стигна до победа над Полска, изразена со конечни 25-21. Србинките беа подобри од самиот почеток на стартот од вториот дел имаа и „плус шест“, но противничките се вратија и на дванаесет минути до крајот дојдоа на „минус еден“. Резервната голманка Граовац одбрани пенал и спречи израмнување, потоа таа до крајот на мечот нанижа уште шест одлични интервенции, осигурувајќи огромни бодови за српската селекција.

Фаворитките очекувано немаа никакви проблеми на преостанатите две средби што беа на програмата вечерва, Норвешка го декласираше Казахстан со 46-18, додека Шведска стигна до преубедливи 46-15 против Узбекистан.

Се вчитува...