СП ЖЕНИ 2021: Франција сигурна со Словенија, Русија за малку од „готово-вересија“ против Полска

Актуелниот олимписки шампион Франција стигна до сигурен триумф над Словенија од 29-18 во 2. коло од А групата на Светското ракометно женско првенство кое се игра во Шпанија.

Одличната одбрана која е „главен белег“ на Французинките повторно беше клучот за триумф на „триколорите“. Нзе Минко со пет гола беше најефикасна кај победничките, додека кај Словенија Ања Варагиќ заврши со шест гола.

Русија за малку ќе направеше од „готово-вересија“ против Полска. Русинките во еден момент имаа и плус шест, но на крајот стигнаа до триумф од само три разлика (26-23).

Лесни победи остварија Романија против Казахстан 38-17 и Холандија против Узбекистан 58-17.

Се вчитува...