СП ЖЕНИ 2021: Норвешка му дозволи на Иран само девет гола, лесни победи и на Србија и Црна Гора

Репрезентацијата на Норвешка одигра неверојатен натпревар дозволувајќи му на Иран само девет гола во победата во 2. коло од Ц групата на Светското првенство во Шпанија од (41-9). Уште поневеројатен е податокот дека во првото полувреме Норвежанките на Иранките им дозволија да постигнат само три гола.

Марит Јакобсен со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај Иранките по два гола постигнаа Нуријех, Хадисех и Шагајег.

Победи остварија и Црна Гора која беше подобра од Ангола со 30-20 како и Србија која рутински славеше над аутсајдерот Камерун со 43-18.

Се вчитува...