Спа-Франкоршамп останува на Формула 1 календарот до 2021

Трката на Спа-Франкоршам останува на Формула 1 календарот и во следните три години. Продолжувањето на овој договор е особено важно за Формула 1 затоа што белгиското Гран при влегува во редот на класиците во најбрзото натпреварување. Трката во Белгија се одржува од 1925 година и важи за еден од најголемите предизвици за Формула 1 возачите.

Новото сопствеништво на Формула 1, Либерти Медиа при преземањето на шампионатот во јануари, минатата година, објави дека ќе биде направено се, во календарот да останат големите историски трки.

Но, иднината на дел од најпознатите трки и натаму останува отворена. Договорот со јапонската Сузука истекува оваа година. Германското Гран при се врати на календарот годинава по пауза од 2017, но договорот со Формула 1 истекува во 2018. Британското Гран при на Силверстоун има уште две договорени години. Потоа организаторите најавија пауза затоа што во последнте години трката стана прескапа.

Ф1 во меѓувреме се обидува да обезбеди и нови територии. Сосема блиску до реализација е договорот за трка во Мајами, што би било второ натпреварување во САД каде што веќе има трка во Остин. Формула 1 преговара и за трка во главниот град на Виетнам, Ханој.

Се вчитува...