Спалети: Бевме нервозни, самите сме виновни што не успеавме

Интер не успеа да избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите откако одигра само 1-1 на „Џузепе Меаца“ против ПСВ Ајндховен. Со идентичен резултат Тотенхем обезбеди место во нокаут фазата, ремизирајќи против Барселона на „Камп Ноу“. И двата тима имаат по осум освоени бода, но англискиот тим продолжува во елитното натпреварување, додека Интер ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа.

„Бевме нервозни, не успеавме да останеме мирни. Рано примивме гол и тоа внесе дополнителна нервоза во тимот. Имавме шанси, Мауро Икарди израмни, а и потоа можевме да стигнеме до триумф. Но, бевме брзоплети пред голот и самите сме виновни што не успеавме да се пласираме во осминафиналето. Тим како Интер мора да има ментална сила да се справи со ваквите ситуации“, изјави Лучијано Спалети, тренерот на Интер.

ПСВ Ајндховен како последнопласиран тим во групата Б, ги заврши настапите во Европа за оваа сезона.

Се вчитува...