Спалети е полн со копмлименти за Елмас: Тој е интелигентно момче кое многу разбира фудбал

Наполи вечерва ќе го пречека Милан во дерби натпреварот на 27. коло во италијанската Серија А. Во дербито на денот се очекува стартер за „наполитанците“ да биде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој е вистински миленик на тренерот, Лучијано Спалети.

Тој пред вечерашното дерби повторно говореше за тоа колку е заљубен во играта на Македонецот и беше полн само со пофални зборови на негова сметка.

„Елмас е офанзивен играч за врска, кој може да биде и „скриен напаѓач“. Тој е тип на фудбалер кој е одлучен кога ќе се најде во „жешката зона“. Може да се адаптира во различни ситуации, тоа го прави уште подобар, феноменален. Елмас е многу интелигентно момче, кој го разбира фудбалот. А она што ќе го сфати, никогаш и не го заборава. Пред него стои голема иднина“, изјави Спалети.

Натпреварот кој ќе се игра на арената „Диего Армандо Марадона“ е закажан за вечерва со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...