Спалети: Елмас се разликува од другите, секогаш е насмеан

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети пред натпреварот со Лацио на прес-конференцијата зборуваше за Елиф Елмас. Тој беше прашан за играчите од средниот ред, поточно за Елмас, и зборуваже во суперлативи.

„Елмас е позитивна личност, секогаш е насмеан. Некогаш го изоставував, но тој ми го смени ставот. Не е како другите кои ако ги оставиш на клупа лошо те гледаат. За мене тој е играч од средниот ред, плејмејкер. Можете да го ставите било каде. Ако го ставите повеќе офанзивно, ќе ја олесни работата на нападот. Но, најважно е што е позитивна и добра личност“, рече Спалети.

Наполи вечерва на „Диего Армандо Марадона“ го пречекува тимот на Лацио. Дуелот почнува во 20:45 ч.

Се вчитува...