Спалети: Ќе го нема Меси, но не смееме да покажеме ароганција на „Камп Ноу“

Интер вечерва ќе и гостува на Барселона во дуел на двете првопласирани екипи од групата Б во Лигата на шампионите. Каталонскиот тим ќе биде без Лионел Меси, кој го повреди рамото и ќе отсуствува три седмици, но, како што вели тренерот Лучијано Спалети, тоа не му дава на Интер право да се однесува арогантно на „Камп Ноу“. Барселона и понатаму е фаворит.

„Меси нема да биде во составот, но Барселона има неверојатен талент и квалитет на секоја позиција во тимот. Тие секако остануваат фаворити, играат на домашен терен, и сигурно ќе сторат се за да стигнат до победа. Ние не смееме да бидеме премногу арогантни, но секако дека имаме самодоверба и веруваме дека можеме да оствариме добар резултат. И ние ќе го немаме Наинголан, и тоа ќе биде голем хендикеп за нас во средниот ред“, вели Лучијано Спалети.

Се вчитува...