Спалети му дава шанса од првата минута: Елмас е сигурен стартер против Џенова

Елиф Елмас дефинитивно ќе биде стартер на Наполи во второто коло од Калчо-лигата, во кое „сино-белите“ ќе му гостуваат на составот на Џенова предводен од Горан Пандев.

Елмас беше резерва на почетокот од премиерниот дуел со Венеција, но влезе во игра во првото полувреме на местото на повредениот Зиелински и одигра извонредно, постигнувајќи гол со кој стави печат на победата на „наполитанците“. Тренерот Спалети беше воодушевен, па Елмас е влезен во плановите на стратегот на Наполи за мечот со Џенова, и тоа како дел од средниот ред заедно со Фабијан Руиз.

Спалети нема да може да смета на повредениот Мертенс, како и на суспендираниот Осимен, чие место во нападот би требало да го заземе Лозано.

Се вчитува...