Спалети на ручек со директорот на Фиорентина

Лучијано Спалети е уште поблизу до заминување од Рома откако новиот спортски директор Мончи изразил желба самиот да го избере тренерот на „волчицата“ за следната натпреварувачка сезона. Токму затоа Спалети почна да ги разгледува опциите за следната сезона, а одличниот стратег денеска беше „фатен на дело“ на заеднички ручек со директорот на Фиорентина, Панталео Корвино.

Мора да се истакне дека Корвино и Спалети важат за пријатели, но во ситуација кога тренерот ќе остане без ангажман, а Фиорентина без стратег (Пауло Соуса веќе најави дека нема да остане во Фиренца), јасно е зошто медиумите оваа средба ја поврзуваат со меѓусебна соработка во следната сезона.

Интересно ќе биде да се види и кој ќе биде тренер на Рома во следната сезона, откако Унаи Емери истакна дека неговата иднина е во ПСЖ, па Мончи вниманието го насочи кон уште еден Шпанец, Марселињо.

Се вчитува...