Спалети отворено: Жалам што се вратив во Рома!

Тренерот на Рома, Лучијано Спалети признава дека направил голема грешка со преземањето на овој клуб во јануари 2016 година.

58-годишниот стручњак се врати на „Олимпико“ како голема надеж на раководството на тимот во борбата за трофеи, но покрај Јувентус тие беа премногу далеку за нив. Така е и оваа сезона. Рома ќе остане без ниту еден трофеј, а Спалети е разочаран од се што се случувало во овој клуб.

„Многу сум разочаран од се. Кога би можел да го вратам времето, не би ја прифатил повторно понудата на Рома“ – вели Спалети, кој претходно „волчицата“ ја водеше од 2005 до 2009 година.

„Не сакам да зборувам дали ќе заминам на крајот од сезоната. Ќе ви го кажам тоа пред крајот на првенството. Но, знам дека тука не се случуваа работи какви што посакував“ – рече Спалети, очигледно лут и покрај убедливата победа над Милан на „Сан Сиро со 1-4.

Се вчитува...