ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Италија премногу пати во последните години знаеше да се „лизне“ во пресметките со Македонија, па „аѕурите“ максимално сериозно се подготвуваат за утрешниот дуел со нашата национална селекција.
Токму затоа, селекторот Лучијано Спалети реши да повика двајца нови фудбалери на еден ден пред мечот на „Олимпико“ со Македонија, како покритие за најновите проблеми со кои се соочи италијанскиот кормилар.
Џанлука Манчини од денеска се приклучи на тренинзите на „аѕурите“ и ќе биде во комбинација за настап против МАкедонија, како замена за Бастони кој вчера заработи незгодна повреда на мускулот.
Висока температура во последните два дена има голманот на Тотенхем, Викарио, поради што Спалети реши дополнително со статус на резерва да го повика Карнесеки од Аталанта. Ова не би требало да има влијание врз голманската позиција на утрешниот меч, за кој како сигурен стартер на голот е најавен Донарума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА