Спалети ќе го одмори Елмас на средбата со Калјари

Елиф Елмас би можел да не се најде во составот на Наполи за натпреварот со Калјари кој се игра во понеделник. Сега откако ќе вратат неколку играчи кои беа повредени, Спалети размислува да не го вклучи во составот за дуелот со Калјари, пренесува „Корире дело Спорт“.

Македонецот моментално е еден од носителите на играта на Наполи, а играше и против Интер и Барселона. Затоа тренерот размислува да го стави Аадам Унас на негово место, кој се врати со полни тренинзи по настапот на Африканскиот куп на нациите.

Елмас за брзо време одигра два тешки натпревари, против Интер и против Барселона. Против Интер имаше шанси  да донесе победа за Наполи, а одигра одлично и на „Ноу Камп“ во првиот натпревар од Лигата на Европа, во кој Наполи одигра 1-1 против гигантот од Шпанија, и е на добар пат да продолжи во следната фаза во ова натпреварување.

Се вчитува...