Спалети се опамети: Ако имаме пенал со Украина, нема да го шутира Жоржињо

Италија не смее да си дозволи пораз во последното коло против Украина, па селекторот Лучијано Спалети реши и да не ризикува со изведувачот на пенал ако биде досуден удар од белата точка за „нероаѕурите“.

Жоржињо промаши два важни пенали во квалификациите за СП 2022, а фудбалерот на Арсенал не беше прецизен ниту на последниот меч со Македонија, на кој Столе Димитриевски мајсторски го прочита и го запре неговиот удар од белата точка. Спалети веднаш по мечот му изрази поддршка на Жоржињо најавувајќи дека нема намера да го смени од врвот на листата на изведувачи на пенали, но 48 часа подоцна италијанскиот селектор обелодени дека го сменил своето мислење на оваа тема.

„Ако имаме пенал, нема да го шутира Жоржињо. Имаме и други фудбалери кои се способни да погодат, погрешно би било пак топката да ја дадеме на Жоржињо и уште повеќе да го зголемиме притисокот врз него“, изјави Спалети на денешната прес-конференција.

Се вчитува...