Спалети се премисли: Елмас ќе биде стартер против Рома!

Елиф Елмас ќе биде стартер во тимот на Наполи за претстојниот дерби-дуел со Рома, откако тренерот Лучијано Спалети се решил да го искористи токму македонскиот „дијамант“ во обид да го разбуди својот тим по разочарувачката игра и поразот на домашен терен од Фиорентина.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Спалети на Елмас гледа како на играч што со секое влегување го крева интензитетот на игра на Наполи. Сепак, во ситуацијата неопходни за „наполитанците“ ќе бидат перфектни 90 минути за позитивен резултат против „волчицата“, а тренерот на Наполи е убеден дека Елмас може да одигра цел меч на највисоко ниво.

Единствената дилема е дали македонскиот репрезентативец ќе добие шанса во напаѓачкото трио, на местото на Инсиње кој игра премногу променливо, или пак во средниот ред, кој воопшто не функционираше на дуелот со Фиорентина.

Се вчитува...