Спалети со воспитна мерка: Наполи и Елмас одат во карантин!

Наполи вчера доживеа големо разочарување со поразот на гостувањето кај Емполи, посебно што избраниците на Лучијано Спалети имаа предност од два гола на десетина минути до крајот на дуелот.

Овој пораз го оддалечи Наполи од борбата за скудетото, бидејќи има Интер има пет бода предност и натпревар помалку во однос на тимот на нашиот Елиф Елмас, кој до крајот на сезоната ќе одигра уште само четири натпревари.

Веднаш по шокантниот пораз, Наполи објави дека сениорскиот тим оди во карантин, односно популарниот „ритиро“, каде фудбалерите ќе се подготвуваат за следниот предизвик, натпреварот со Сасуоло следниот викенд.

Кратко по првичната информација, Наполи испрати дообјаснување дека одлуката е на тренерот Спалети, а била прифатена од клубот.

Многумина го протолкуваа ова како обид да се избегнат контроверзи како тие кога тренер беше Карло Анчелоти, а фудбалерите влегоа во конфликт со раководството бидејќи не беа задоволни од одлуката за „ритиро“.

Се вчитува...